Фудбал

Тотенхем со играч помалку го победи Вест Хем

Екипата на Тотенхем забележа победа над Вест Хем со 3-2, во воведниот меч од 6. коло на Премиер лигата, иако средбата ја заврши со играч помалку.

Англискиот вицешампион имаше предност од 3-0 откако Хари Кин постигна два гола (34. и 38. минута), а во листата на стрелци се запиша и Кристијан Ериксен (60).

Чикарито пет минути подоцна намали на 1-3, а во 70-минута Ауриер заработи втор жолт картон, по што гостите во завршните дваесетина минути играа со играч помалку.

Вест Хем не успеа да го искористи тоа, па со голот на Корате (87-минута), само го ублажи поразот на 2-3.

Попладнево во стандардниот термин од 16 часот се играат средбите Свонси – Ватфорд, Стоук – Челзи, Саутемптон – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити – Кристал Палас, Евертон – Бурнемут и Барнли – Хадерсфилд.

Денешната програма ќе биде заокружена со дуелот од 18:30 часот во кој Лестер го пречекува Ливерпул.