Фудбал

Тој е моментално најомразен човек на Чизмата: Ова е најголемиот успех на селекторот кој ја уништи Италија

Најлошиот италијански селектор, 69 годишниот Џанпјеро Вентура имал само 10 години кога Италија последен пат не успеала да се пласира на Светско првенство. Најдобар резултат во кариерата му титула во третата лига.

Сампдорија, Руентес, Ентела, Специја, Чентезе, Пистоезе, Гиаре, Венеција, Лече, Каљари, Месина, Хелас Верона, Пиза, Бари…

Дел од овие клубови можеби  и ги немате слушнато, но ова не е набројување на италијански клубови, туку ова е ЦВ-то на италијанскиот селектор, кој успеа нешто што друг селектор не успеал 60 години.

Џанпјеро Вентура имал 10 години кога Италија последен пат не успеала да се пласира на Светско првенство, тоа беше во 1958 година. Веројатно тогаш ронел солзи затоа што нема да ги гледа своите идоли на големото натпреварување.

Сега солзи ронеше Џиџи Буфон, кој се прости од репрезентацијата, а една од причините е и Вентура, како и оној кој го постави за селектор.

Италијаните ги водеше човек на кого најголем успех му е титула во третата италијански лига. Го водеше и Наполи, но само една сезона. И што вели Вентура после оваа катастрофа за италијанскиот фудбал, затоа што тешко е со друго зборови да се опише СП без Италијаните.

-Нема да дадам отказ, прво морам да разговарам со челниците на федерацијата.

За што мора точно да зборува со нив?

Тоа им е на сите јасно. Како што е јасно и зошто не сака да даде отказ, така би останал без оштета. Вака ќе мора да се договори со федерацијата во врска со оштетата за раскинување на договор. Би било надвор од памет после се да остане селектор, но на Вентура не му паѓа на памет да замине без оштета, што дополнително ја разбесни италијанската јавнос, која смета дека не е морално некој да бара пари за работа каква што тој изработи, како што велат во најмала рака лошо и катастрофално.

Секако, ова не е само негова кривица, во италијанската лига, која секогаш била неисцрпен извор на таленти, се повеќе се странци, италијанскиот фудбал одамна не е она што беше, но правеше Вентура некои работи кои на никого не му беа јасни.

На клупа го држеше можеби најдобриот италијански офанзивец во моментов, Лоренцо Инсиње, кој во Наполи игра брилијантно, нешто што нема никаква логика. Според јавноста во Италија, дури и да не се вклопува во формацијата, на играч од таков калибар едноставно мора да му се најде во тимот, посебно кога напред сам игра Чиро Имобиле.

-Јас? Па нека влезе Инсиње, што ќе сум му јас, му кажа Де Роси на помошникот на селекторот, откако дозна дека Вентура има план да го внесе во игра кога на Италија и требаше гол.

Ова можеби најубаво ја покажува атмосферата во италијанската репрезентација, за која сега добија напад и од медиумите. Тие се уште не можат да поверуваат дека ќе гледаат СП без Италија на него.