Фудбал

Стоук го изненади Арсенал

Засилувањето на Стоук, Хесе Родригез го постигна победничкиот гол за Стоук на дуелот со фаворитот Арсенал на последниот саботен натпревар од второто премиерлигашко коло.

„Топчиите“ создаваа шанса кои останаа без реализација, а казната стигна во 47.минута кога Стоук постигна гол.

Постигнати резултати:

Манчестер Јунајтед – Свонси 4:0,
Борнмут – Вотфорд 0:2,
Барнли – ВБА 0:1,
Лестер – Брајтон 2:0,
Ливерпул – Кристал Палас 1:0,
Саутемптон – Вест Хем 3:2 и
Стоук – Арсенал 1:0.

Утре играат Хадерсфилд – Њукасл и Тотенхем – Челзи, а колото ќе се комплетира в понеделник со дуелот Манчестер Сити – Евертон.