Фудбал

Стартува новата сезона во шпанската Примера

Со двата натпревари што ќе се играат вечерва, ќе биде отворена новата сезона во најдобрата конкуренција на фудбалскиот шампионат на Шпанија, Примера лигата.

Првенството ќе го отворат Леганес и Алавез, додека подоцна вечерва ќе играат Валенсија и Лас Палмас.

За утре се закажани натпреварите Селта Виго – Сосиедад, Жирона – Атлетико Мадрид и Севиља – Еспањол.

Три средби ќе се играат и в недела и тоа Атлетик Билбао – Хетафе, Барселона – Бетис и Реал Мадрид – Депортиво Ла Коруња.

Колото ќе биде комплетирано в понеделник со дуелите Леванте – Виљареал и Малага – Еибар.