Фудбал

Спортинг Лисабон го откупи Стефан Ристовски од Ријека за 2,5 милиони евра

Само месец и пол откако го доведе на заем, Спортинг Лисабон целосно го откупи договорот на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски од Риека.

Како што објави португалскиот спортски весник „А Бола“, вредноста на овој трансфер изнесува 2,25 милиони евра, но хрватскиот шампион може да добие и дополнителни 225.000 евра, во зависност од настапите на Ристовски, како и процент од неговиот иден трансфер.

Ристовски (25) ја напушти Риека, каде што помина две сезони, среде квалификациите за Лигата на шампионите, бидејќи тренерот на Спортинг, Жорже Жезус, инсистираше веднаш да го има на располагање.