вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 34
home Фудбал

Солзи и тешки воздишки: Последното писмо од играчите на Фиорентина до Астори

Како што информираат италијанските медиуми кои известуваат од место на настанот во Фиренца, Бадељ ги трогнал и ги расплакал сите присутни во Базиликата со последното „Чао“ од неговите секојдневни пријатели од тренинзите.
Солзи и тешки воздишки: Последното писмо од играчите на Фиорентина до Астори

Се одржува комеморативната цереонија во Базиликата во Фиренца по повод трагичната и изненадувачка смрт на Давиде Астори, а во моменти на огромна тага и солзи од сите познати фудбалски лица, Хрватот Милан Бадељ дополнително ги расплакал присутните со последниот говор, односно последната порака која му ја испратија соиграчите од Фиорентина на својот капитен.

Астори имаше ненадејна смрт во неделата откако неговото срце застана утрото пред мечот со Удинезе, а големата болка и тага за огромната загуба, играчите на Фиорентина успеаја да ја преточат во неколку реченци со кои го испратија Давиде во вечниот дом.

Како што информираат италијанските медиуми кои известуваат од место на настанот во Фиренца, Бадељ ги трогнал и ги расплакал сите присутни во Базиликата со последното „Чао“ од неговите секојдневни пријатели од тренинзите.

– Давиде, ти си едноставен, директен, прагматичен. Со твојот длабок поглед можеше да влезеш во очите на секого и да останеш таму, ти не беше како другите. Успеваше да зборуваш со сите нас, да ни го покажеш правилниот пат. Секогаш зборуваше со своето срце, ги мотивираше најмладите и најстарите со универзалниот јазик, а тоа е твоето срце. Дарба која ретко кој ја има. Ти си братот и синот кој секој сака да го има. Твоите родители немаат направено ништо погрешно во тебе. Ти си најдобриот соиграч и најдобриот човек кој еден играч може да го посака кога ја започнува оваа убава игра. Како би можеле да ја заборавиме твојата насмевка, твојата смисла за хумор? Ти не си како останатите, ти си фудбалот, вистинската работа, вистинскиот фудбал за кој сонуваат децата. Нашите мисли се со твоите мајка и татко, со твоите браќа, со Франческа и принцезата Вичи (сопругата и ќерката). Ти беше човек со големо Ч на почетокот, а ние ќе и го кажеме тоа на твојата ќерка. Секое утро ти беше прв во соблекувалната за да го запалиш светлото. Ти си сега нашето светло за сите нас. Ти благодариме Давиде, гласи емотивниот говор на Бадељ кој го пренесоа италијанските новинари.