Фудбал

Со ждрепка извлечени судиите за стартот на пролетниот дел во ПМФЛ

Согласно договорот меѓу Фудбалската федерација на Македонија и домашните прволигаши, во пролетниот дел од шампионатот судиите на натпреварите од Првата македонска фудбалска лига ќе бидат извлекувани со ждрепка.

За првото пролетно коло денешната ждрепка во ФФМ одлучи за главен судија на дуелот меѓу Вардар и Шкупи да биде избран нашиот најдобар интернационалец Александар Ставрев. На дуелот меѓу Шкендија и Силекс делител на правдата ќе биде Стојанче Стојанов.

Пелагониското дерби меѓу Победа и Пелистер, ќе го суди Димитар Мечкаровски.

На дуелот меѓу Македонија ЃП и Работнички главен судија ќе биде Марјан Маркоски од Охрид, додека на мечот меѓу Брегалница и Ренова правдата ќе ја дели Дејан Јакимовски.

19 – то коло на програмата е во недела, а натпреварите се со почеток во 14ч.