Фудбал

Скршени коски и крвави глави: Ова се најопасните фаули во фудбалот- некои од нив завршуваа и кариери

Лоши стартови и тешки повреди се дел од спортот, па така и од фудбалот. Гледаме некои од кои играчите на крај едвај се опоравуваат, а некои се само личат на многу лоши, но на крајот се е во ред.

 

Ужасниот фаул на Садио Мане над Едерсон за време на дербито помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул минатата сабота го натера Ливерпул да се жали бидејќи сметаа дека казната за нивната ѕвезда била преголема.

Три натпревари суспензија сепак останаа на сила, а некои сметаат дека Сенегалецот и добро поминал. А тоа многумина го сметаат и за Португалскиот голман кој заработи само неколку конци на лицето.

Овој фаул во фудбалот не натера да се потсетиме на некои слични во минатото.

Фаул за завршување на кариерата

Рој Кин беше уникатен играч. Не поради својот фудбалски талент, туку поради неговите начин на игра од кој се плаше сите фудбалери. Ирецот ја заврши кариерата на Норвежанецот Алф-Инге Халанд, затоа што овој се осуди да го критикува Манчестер Јунајтер, односно кажа дека воопшто не ги сака и дека не може да ги поднесе.

Потоа вои 1997 година, Халанд во еден дуел го повреди Кин, кој мораше на подолга пауза, но Кин му врати со иста мера четири години подоцна и така му ја заврши кариерата. Покасно поранешниот капитен на Јунајтед објави дека воопшто не жали за тоа.

Познатите дуели на Манџукиќ и Рамос

Марио Манџукиќ во Шпанија играше само една сезона во дресот на Атлетико Мадрид. Го освои домашниот  Суперкуп, но нетрпеливоста меѓу овие двајца остана запаметена. Капитенот на Реал Мадрид и Хрватот се “тепаа“ на разни начини, тука имаше и крв, како и глума.

Лактот на Тасоти кон Луис Енрике

За време на натпреварот меѓу Италија и Шпанија во четвртфиналето од Мундијалот во 1994 година во САД, Шпанецот доби тежок удар од лакт од Мауро Тасоти. Главниот судија на натпреварот тоа не го виде, а Италија со 2:1 влезе во полуфиналето.

Сцената која ги вознемири Бразилците

Иако фаулот на Зунига над Нејмар од 2014 година исто така може да го оправда пишаното од погоре, сепак овде станува збор за фаулот на Боливиецот Дука над нивниот најдобар играч.

Тоа се случи во квалификациите за Светското првенство во Русија во 87 минута од натпреварот кога магионичарот сега од ПСЖ, со дриблинг го помина противникот. Меѓутоа, овој му врати со лакт по лицето, па Нејмар завшри со крв.

Ужасната повреда на Лиенен

Дефинитивно една од најгрозните повреди во фудбалската историја. На натпреварот меѓу Вердер и Арминија во Бундеслигата во 1982 година, Норберт Зигман со копачка ја “отвори“ ногата на Евалд Лиенен. Сликите говорат сами за себе…

Воинствениот лудак Чоло Симеоне

Во 1999 година Атлетик Билбао играше против мадридски Атлетико во натпревар полн со грубости. Тоа највеќе се истакна воинствениот Диего Чоло Симеоне, кој со крампони од копачките го „пробуши“ бутот на Хулен Гуереро.

Интересно, истата работа претходно му се случила на Фернандо Коуто, а после се, Чоло само кажал: „Што се случува на теренот останува на теренот“.

Газењето на Лападула над Џо Харт

Поранешниот напаѓач на Милан Џанлука Лападула минатата сезона го направи еден од најужасните фаули. Тоа беше на натпреварот против Торино, кога Џо Харт прв стигна до топката. Лападула тогаш неспретно го згази Англичанецот по лице.

Крвавиот “месар“ Бучер

Презимето на Тери Бучер во превод на македонски значи месар. Овој Англичанец играше цел натпревар во крв против Шведска. Доби удар со лакт во лицето, но не сакаше да го напушти теренот. Луд или храбар?