четврток, 24. мај 2018. Вести денес: 74
home Фудбал

Сити на Гвардиола најскап тим на светот

Сити на Гвардиола најскап тим на светот

Тимот на Манчестер сити, кој го предводи Пеп Гвардиола, со вложени 878 милиони евра е убедливо најскапа екипа во светот, се наведува во истражувањето на фудбалската опсерваторија  при  Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) со седиште во Нешател, Швајцарија.

„Граѓаните“ застанаа на врвот на оваа листа благодарение на трансферот на Емерик Лапорт од Атлетик Билбао, а за неговите услуги беа потрошени 67 милиони фунти.

ПСЖ се наоѓа на второто место со 805 милиони евра, иако минатото лето Бразилецот Нејмар се пресели во Париз за рекордни 222 милиони евра.

Манчестер јунајтед на Мурињо е трет со вкупно 747 милиони евра, додека Барселона е четврта со 725 милиони.

Од ЦИЕС оценуваат дека според економската логика меѓу најскапите екипи треба да се бараат и минатогодишните финалисти од Лигата на шампионите, но сепак Реал Мадрид со 497 милиони евра е на шесто, а Јувентус со 448 милиони е на осмото место.

Меѓу десетте најскапи тимови се и Челзи на петто место со 592 милиони, Ливерпул е седми со 461 милион, Арсенал е деветти со 403 милиони и Евертон со 365 милиони евра е на десетто место.