понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 114
home Фудбал

Саутемптон освои бод на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Сауптемптон освоија голем бод откако на гостувањето синоќа кај Манчестер Јунајтед одиграа без голови 0:0 во дуел од 21.коло од Премиер лигата.
Саутемптон освои бод на „Олд Трафорд“

За гостите ова беше важен натпревар особено што на последните 10 натпревари имаат освоено само седум бодови. Саутемптон со 20 бодови се наоѓа на 13.место.

Манчестер Јунајтед е трет натпревар без победа во Премиер лигата и затоа екипата на Жозе Мурињо од втората падна на третата позиција на табелата со 44 бодови, еден помалку од шампионот Челзи. На четвртото место е Ливерпул со 41 бод.

Лидерот на табелата Манчестер Сити (58 бодови) денеска гостува кај Кристал Палас. Почетокот на овој дуел е во 13 часот, додека во 17:30 часот играат ВБА и Арсенал.