Фудбал

Саутемптон обезбеди предност пред реваншот со Ливерпул во Лига купот

Минимална победа од 1:0 забележа екипата на Саутемптон над Ливерпул синоќа на домашен терен на првиот меѓусебен дуел од полуфиналната пресметка во Лига купот на Англија.

Победа на Саутемптон му ја донесе Нејтан Редмонд во 20. Минута.

Реваншот е на „Енфилд роуд“ на 25 јануари.

Во вторникот Манчестер Јунајтед направи голем исчекор кон финалето по триумфот над Хал со 2:0.