Фудбал

Сами Насри кариерата ќе ја продолжи во Турција

Францускиот фудбалер Сами Насри од Манчестер Сити заминува во Турција. Но, тоа и не би било големо изненадување, доколку стануваше збор за некоја од водечките екипи во турскиот шампионат, односно тимовите што се борат за највисок пласман.

Изнанедувачки Насри (30) кариерата ќе ја продолжи во екипата на Анталијаспор.

Французинот, кој во Манчестер Сити дојде од Арсенал, во 2011 година, со популарните „граѓани“ освои две шампионски титули и по еден трофеј во Лига Купот и Комјунити Шилд. За Манчестер Сити одигра 171 натпревар и постигна 26 гола.

Насри во 2014 година со Сити потпиша нов петгодишен договор, но по низата повреди не успеа да се врати во старата форма, по што го загуби местото во тимот, па минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во шпанската Севиља.

Засега нема официјални информации за финансискиот дел од трансферот на Насри во Анталијаспор.