Фудбал

Салах погоди на дебито за Ливерпул

Во својот прв натпревар во дресот на Ливерпул, египетскиот интернационалец Мохамед Салах го постигна првиот гол за својот нов клуб.  Салах синоќа во судиското надополнување ја затресе мрежата на Виган и го постави конечниот резултат 1:1.

Ова беше пријателски дуел на кој Виган прв дојде во водство во 21.минута.

Во второто полувреме двата тренера направија голем број измени, но резултатот остана истиот од првиот дел.