среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 107
home Фудбал

Роналдо одговори како од пушка: Ако можам да се вратам во минатото…

Роналдо одговори како од пушка: Ако можам да се вратам во минатото…

Присуството на Роналдо на прославата на 110. роденден на Интер во Милано беше искористено од италијанските медиуми за комуникација со Бразилецот, кој даде неколку интересни изјави поврзани со минатото и периодот во кој беше дел од семејството на „неразурите“.

„Ил Феномено“ не размислувал премногу кога новинарите го прашале кој натпревар би сакал да го преигра ако може да се врати низ времето.

– Кога би можел да се вратам во минатото, би сакал да го преиграме натпреварот против Лацио на 5. мај, – истакнал Роналдо, мислејќи на дуелот од последното коло во сезоната 2001/02 кој Интер го загуби со 4:2, а тоа му овозможи на Јувентус да ја освои титулата.

– Голема чест е да бидете прогласен за најдобар напаѓач во историјата на клубот, бидејќи овде играле навистина големи шампиони. Дојдов овде многу млад и тука созреав како фудбалер, – изјавил Бразилецот.