Фудбал

Роналдо нападна новинарка: Како да бидам добар со вас кога вие лажете (ВИДЕО)

Најдобриот фудбалер во светот Кристијано Роналдо во мечот во Лигата на шампионите против АПОЕЛ постигна два гола и се врати во голгетерска форма.

Тој го сруши и рекордот во ЛШ бидејќи постигна 18 голови во една календарска година, а досега тоа никој го нема постигнато во минатото.

Но сепак како и да е Роналдо периодов беше на мета на медиумите во светски рамки бидејќи претходно не постигна ниту еден гол и беше во лоша форма.

Сепак тој на сите овие написи се одлучи да врати со револт и да не биде во добри односи со новинарите.

Па така на новинарско прашање поставено од една новинарка тој одби да даде одговор.

-А што сега нешто сакате да прашате ли? Мрморејќи Роналдо само одби да даде одговор и ги одминал медиумите.