вторник, 17. јули 2018. Вести денес: 90
home Фудбал

Роналдо: Минатата година беше неверојатна за мене

Роналдо: Минатата година беше неверојатна за мене

Кристијано Роналдо зад себе има година на успеси со својот клуб Реал Мадрид и со португалската фудбалска репрезентација.

Најдобриот светски фудбалер се наоѓа на одмор во родниот град Фуншал. Тој на социјалните мрежи напиша:

– Минатата година беше неверојатно за мене, не само во фудбалот, бидејќи уште еднаш станав татко, а тоа е неверојатно чувство. Бев благословен со талент, но со текот на годините докажав дека многу се трудам да постигнам се што имам зад себе. Но, сето ова би било незамисливо без сите луѓе околу мене – мојот тим, моите пријатели и моите соиграчи кои ми помогнаа да стигнам каде што сум сега.

Роналдо минатата година го предводеше Реал до трофеите во Лигата на шампионите, Примера, Суперкуот на УЕФА, шпанскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.