Фудбал

Рома сигурна против Палермо

Фудбалерите на Рома постигнаа очекувана победа синоќа на Сицилија на гостувањето кај Палермо со 3:0.

 

roma

Стефан Ел Шарави во 22.минута го постигна првиот гол, Един Џеко во 76.минута зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постигна Бруно Перез во судиското надополнување.

Капитен на Палермо на овој дуел за првпат беше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој постигна гол во 5.минута, но беше поништен поради офсајд.

Резултати на другите натпревари од 28.коло во Серија А:
Интер – Аталанта 7:1,
Сасуоло – Болоња 0:1,
Киево – Емполи 4:0,
Фиорентина – Каљари 1:0,
Наполи – Кротоне 3:0,
Пескара – Удинезе 1:3,
Џенова – Сампдорија 0:1 и
Јувентус – Милан 2:1.

Вечерва на програмата е последниот дуел од оваа рунда меѓу Лацио и Торино.

Табела: Јувентус 70 бодови, Рома 62, Наполи 60, Интер 54, Лацио 53, Аталанта 52, Милан 50.