недела, 25. февруари 2018. Вести денес: 8
home Фудбал

Рома нема да носи нови играчи во зимскиот преоден рок

Рома нема да носи нови играчи во зимскиот преоден рок

Калчолигашот Рома нема да ангажира нови играчи во зимскиот преоден рок, соопшти раководството на клубот.

– Ние сработивме одлична работа со сегашниот тим и во оваа фаза не ни требаат нови. Ако има нешто ново ќе ги информираме медиумите, информира „римската волчица“.

Рома по 17 одиграни натпревари се наоѓа на 5.место во Серија А со 38 бода, седум помалку од лидерот Наполи, но и натпревар помалку.

Римјаните досега имаат 12 победи, две нерешени средби и три порази.