Фудбал

Родригез се попишмани: Ниту во Јувентус, ниту во ПСЖ и Челзи, фудбалерот останува во Реал Мадрид

Џејмс Родригез останува играч на Реал Мадрид, потврди денеска неговиот менаџер Хорхе Мендес, пренесуваат шпанските медиуми.

– Родригез не оди никаде во јануарскиот преоден рок, кратко соопшти Мендес.

Колумбискиот репрезентативец беше поврзуван со Јувентус, ПСЖ, Челзи, но на крајот ниту еден клуб не сакаше да ја плати откупната клаузула за овој фудбалер која изнесува 80 милиони евра.

Оваа сезона Родригез има 16 одиграни натпревари за Реал Мадрид и постигнато два погодока.