Фудбал

Ренова и Силекс го отвораат второто коло од ПМФЛ

Со натпреварот меѓу Ренова и Силекс попладнево во 17 часот во Тетово ќе биде отворено второто коло од Првата македонска фудбалска лига.

Три натпревари се закажани за утре. Двојките се:
Академија – Пандев – Скопје,
Пелистер – Работнички и
Вардар – Победа.

Натпреварот Шкупи – Шкендија е одложен поради настапот на тетовскиот тим во Лига Европа во Милано во четвртокот.

Шкендија, Пелистер и Силекс се на првите три позиции на табелата по стартните победи извојувани минатиот викенд.