Фудбал

Реал остана и без Марсело

Реал Мадрид соопшти дека бразилскиот играч Марсело го повредил мускулот на левата нога.

Марсело се повреди за време на второто полувреме на натпреварот против Бетис во средата, кој „кралскиот“ клуб го загуби со 1:0.

Клубот не прецизираше колку Марсело ќе отсуствува од теренот, а се шпекулира дека тоа би можело да биде околу еден месец.

Повредата на Марсело само го продолжи списокот на играчи на кој Зинедин Зидан не може да смета. Тео Ернандес се опоравува од повредата на рамото, а повредени се и Карим Бензема, Тони Крос, Матео Ковачиќ и Хесус Валјехо.

Реал лошо ја почна сезоната во Примера, па после пет одиграни кола се осми на табелата со осум освоени бодови, односно има седум бодови помалку од првопласираната Барселона.

Во наредното коло, Реал му гостува на Алавес кој се уште нема бодови.