Фудбал

Реал без Рамос во Лигата на шампионите

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос, ќе го пропушти натпреварот со АПОЕЛ во Никозија од 5. коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Централниот дефанзивец има скршен нос од средбата со Атлетико Мадрид во Ла Лига, кога тој беше заменет на полувремето.

Зинедин Зидан, го изостави Рамос од дуелот на Кипар, но добрата вест за Рамос е дека тој ќе се извлече без операција.

Сепак, некое време, шпанскиот државјанин ќе мора да игра со заштитна маска за да спречи посериозни повреди.

Реал гостува на АПОЕЛ утре во 21:.45 часот. На табелата о Х-групата, Реал е втор со седум бода, три помалку од лидерот Тотенхем и пет повеќе од Борусија Дортмунд и кипарскиот тим.