Фудбал

ПСЖ со жалба до УЕФА: Имаме цврсти видео докази дека судијата Ајтекин не украде дури седум пати! (ВИДЕО)

Францускиот првак Пари Сен Жермен вложи жалба до Европската фудбалска унија (УЕФА), бидејќи смета дека судиите го оштетија во дури 7 ситуации на „Камп Ноу“ на дуелот со Барселона во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

649728668

Во ПСЖ се лути на германскиот судијата Дениз Ајтекин и неговите одлуки да свири два пенала за Каталонците, а да не досуди два казнени удари за гостинските фудбалери.

Барселона пред шест дена на „Ноу Камп“ надомести 0:4 од Париз со неверојатен финиш и три гола во последните седум минути доаѓајќи до победа од 6:1.

deniz-aytekin_et9vwkr0caj0105x114atsoiz

1. Играње со рака на Маскерано во домашниот шеснаесетник. Ајтекин тоа не го гледа, а е оддалечен само 18 метри.

2. Втор жолт картон за Пике, кој не му е доделен, при опасен старт над Кавани, кога Барселона имаше водство од 2-0.

3. Ајтекин досуди пенал за Барселона при падот на Нејмар, но Муние претходно самиот се сопна, а Бразилецот тоа го искористи за да падне над него и да „одработи“ удар од белата точка. На судиите (учествуваше и судијата зад голот) им беа потребни дури 17 секунди за да досудат пенал.

4. Судијата не му даде црвен картон на Нејмар за агресивно однесување и удирање на противнички играч без топка при резултат 3-1 за Барселона.

5. Пике играше со рака во 78.минута, по нафрлувањето на Анхел Ди Марија.

6. Недосуден пенал и црвен картон за Маскерано по прекршокот над Ди Марија. И самиот Маскерано призна дека направил фаул.

7. Луис Суарез во 90.минута одглуми пенал, по кој Барселона поведе со 5-1. Тој требало да добие жолт картон за симулирање во оваа ситуација.