Фудбал

Продолжуваат натпревари во ПМФЛ

Ширум Македонија попладнево ќе се играат натпреварите од 11.коло во Првата фудбалска лига.

 

Шампионот Вардар гостува кај Победа, додека лидерот Шкендија го пречекува Шкупи.

Двојки за 11.коло од ПМФЛ:

Скопје – Академија Пандев,
Победа – Вардар,
Работнички – Пелистер,
Шкендија – Шкупи и
Силекс – Ренова.

Почетокот на сите натпревари е во 14 часот и 30 минути.

Табела: Шкендија 25 бода, Вардар 19 (2 натпревара помалку), Академија Пандев 17 (натпревар помалку), Силекс 14, Пелистер 12, Шкупи 12, Ренова 10, Победа 9, Работнички 7 (натпревар помалку) и Скопје 5.