Фудбал

Претседателот на Чапекоензе: Многу фудбалски клубови ни ветуваа, но по несреќата само еден европски клуб ни помогна!

Чапекоензе само неколку месеци по голема трагедија во која во авионска несреќа загина речиси целиот фудбалски тим реши да проговори кој клуб бил тука во најтешките моменти.

Претседателот на Чапекоензе неодамна откри дека само еден европски клуб му ја дала целосната финансиска помош по трагичната несреќа во ноември минатата година во која загинаа 75 лица.

Тој искрено огровори и дека и покрај тоа што по несреќата многу од фудбалските тимови ветија дека ќе помогнат, претседателот на Чапекоензе Давид Де Нес искрено му се заблагодари само на Каталонскиот клуб.

-Само Барселона беше на наша страна уште во првите моменти по несреќата, тие ни нудат и финансиска помош за во август годинава кога сме поканети да играме за Гампер трофејот и се надеваме дека тоа ќе се оствари.