Фудбал

Познати составите за натпреварот Вардар – Зенит

Фудбалерите на Вардар вечерва го играат првиот натпревар од групата Л од Лига Европа на УЕФА.

Тренерот на „црвено-црните“ Чедомир Јаневски се реши натпреварот да го почнат следниве 11 играчи: Филип Гачевски, Бобан Грнчаров, Џамбул Цигаури, Дејан Блажевски, Бобан Николов, Тигран Барсегјан, Дарко Велковски, Никола Глигоров, Ховханес Хамбарџумјан, Хуан Фелипе и Владица Брдаровски. На клупата ќе бидат: Игор Алексовски, Висар Муслиу, Вања Марковиќ, Филип Стојчевски, Бесир Демири, Дарко Глишиќ и Итало.

Од стандарниот состав отсуствува поради повреда Евгени Новак, а неговото место го зазема Велковски.

Тренерот на Зенит Роберто Манчини се реши со следниве 11 играчи да го почне дуелот: Андреј Лунев, Доменико Кристико, Дмитри Полоз, Матиас Краневитер, Александар Кококрин, Далер Кузаев, Кристиан Нобоа, Артем Џиба, Миха Мевља, Емануел Мамана и Бранислав Ивановиќ.

Судија на натпреварот е Јакоб Келет од Данска, а почетокот на натпреварот е во 21 часот и 5 минути.

На Арената „Филип Втори“ пристигнаа и најверните фанови на Вардар, Комитите.