Фудбал

Познати четвртфиналните двојки на Голд купот

Со одигрувањето на натпреварите од последното (3.коло) во Ц-групата на фудбалскиот Голд куп што се одржува во САД, формирани се паровите за четвртфиналната фаза.

Мексико ноќеска го победи Курасао со 2:0, додека Јамајка и Салвадор ремизираа 1:1, резултат што им одговараше на двете селекции.

Пласман во четвртфиналето од А-групата обезбедија Костарика, Канада и Хондурас, од Б-групата САД и Панама, од Ц-групата Мексико, Јамајка и Салвадор.

Двојки за четвртфиналето:

Костарика – Панама,
Мексико – Хондурас,
САД – Салвадор и
Јамајка – Канада.

Трофејот освоен пред две години го брани Мексико.