Фудбал

Познат стартниот состав на Вардар за дуелот со Розенборг

Македонскиот фудбалски првак Вардар вечерва во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“ (почеток 21:05 часот) го игра последниот натпревар од 6.коло од групата Л од Лига Европа против шампионот на Норвешка Розенборг.

Тренерот на „црвено-црните“ Чедомир Јаневски се реши следните 11 играчи, да го почнат дуелот: Филип Гачевски, Висар Муслиу, Бобан Грнчаров (капитен), Дејан Блажевски, Бобан Николов, Тигран Барсегјан, Никола Глигоров, Евгениј Новак, Бесир Демири, Итало и Хуан Фелипе.

На клупата за резерви се наоѓаат: Игор Алексовски, Џамбул Џигаури, Вања Марковиќ, Дарко Велоски, Филип Стојановски, Бесир Исени и Петар Петковски.

Натпреварот ќе го суди Сергеј Бојко од Украина.

Македонскиот првак Вардар на претходните пет дуели претрпе пет порази и во последното коло ќе се обиде да стигне до триумф или првиот бод.