Фудбал

Почина Мики Трпевски- Дуги, големиот навивач на Вардар

Големиот навивач на Вардар, Мики Трпевски – Дуги денеска го напушти овој свет.

(ФБ статус на Приказни од булеварот)

Во предвечерјето на мечот Вардар- Фенербахче, Комитите ти запеаа песна пред твојот дом. Ти посакаа брзо да оздравиш и да се вратиш во нивното друштво.

Денес го напушти овој свет. Веројатно знаејќи дека Вардар победи. Таа победа и песната од трибините ти ја посветуваме тебе Дуги! Почивај во мир, легендите живеат вечно!

Последниот поздрав за Дуги е утре во 12 часот, пред капелата во Бутел!