Фудбал

По скандалот Игуаин нема да биде казнет од УЕФА

Аргентинскиот фудбалер и напаѓач на Јувентус, Гонзало Игуаин, нема да биде казнет поради покажувањето на среден прст кон навивачите на Барселона во текот на натпревар од првото коло во Лигата на шампионите одигран во Шпанија.

Поранешниот напаѓач на Реал, во моментите додека го напушташе теренот поради измена, беше поздравен со свирежи и навреди од навивачите на Барселона, а тој се одлучи да им покаже среден прст. Иако ваквите испади во пракса се санкционираат, Игуаин очигледно ќе мине неказнето, бидејќи против него УЕФА не покрена постапка.

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Селтик поради влетување на навивачи на терен во текот на дуелот против ПСЖ, а и францускиот клуб веројатно ќе сноси последици бидејќи  навивачите ги кршеа столчињата на „Селтик парк“.

Под истрага е и Базел поради употребата на пиротехничките средства на дуелот против Манчестер јунајтед.