Фудбал

По повредата што му се случи на Ноер, тој се врати од пензија да му помогне на Баерн Минхен (ФОТО)

Баерн Минхен остана без голманот Мануел Ноер, откако Германецот заработи потешка повреда и се уште не е познато колку точно ќе отсуствува од терените.

Интересна е ситуацијата во Баерн од Минхен.

Карло Анџелоти има потреба да биде загрижен, повреден е најдобриот голман во светот и се уште е непознато колку ќе отсуствува од терените, а според некои информации тој нема да се врати до крајот на оваа година.

Италијанецот нема преголема доверба во останатите голмани кои се во клубот, Свен Улрајх е втор избор , а трет е 17-годишниот Фрухти.

Токму поради тоа во тимот е повикан Том Штарке, голман кој замина во пензија на крајот од минатата сезона.

Кариерата ја заврши токму во Баерн во својата 36 година, но сега е принуден да се врати и денес го имаше првиот тренинг со тимот пред натпреварот со Волфзбург.

Не би требало да бидеме изненадени и доколку биде прв избор за голман во тој натпревар.