вторник, 21. август 2018. Вести денес: 50
home Фудбал

ПО 20 ГОДИНИ: Заврши соработката меѓу Милан и „Адидас“

ПО 20 ГОДИНИ: Заврши соработката меѓу Милан и „Адидас“

Италијанскиот фудбалски клуб Милан и германскиот спортски гигант „Адидас“ по 20 години соработка се согласија на предвремено раскинување на 10-годишниот договор кој го потпишаа во 2013 година.

Од следната сезона „росонерите“ ќе ги облекува вториот по големина германски спортски бренд „Пума“.

Клубот и германскиот производител на спортска опрема денеска ја официјализираа соработката, но освен што беше наведено дека станува збор за долгогодишен договор кој ќе се применува од први јули годинава,  двете страни не соопштија други детали.

Иако изминативе две децении „Адидас“ беше синоним за фудбалскиот гигант од Милано,  како една од можните причини за крај на соработката се наведува и намалената продажба на дресови во последните три години.