Фудбал

ПМФЛ: Два од два за Силекс

Силекс ја победи Ренова со 3:0 попладнево во Тетово на отворањето на второто коло од Првата македонска фудбалска лига. За тимот од Кратово ова беше втор триумф по двата дуела во новата сезона и со максимални шест бода се наоѓа на лидерската позиција на табелата пред одигрувањето на другите натпревари.

Ренова остана на еден бод освоен во првото коло.

Три натпревари од 2.коло се закажани за утре. Двојките се:
Академија – Пандев – Скопје,
Пелистер – Работнички и
Вардар – Победа.

Натпреварот Шкупи – Шкендија е одложен поради настапот на тетовскиот тим во Лига Европа во Милано во четвртокот.