Фудбал

ПАНИКА НА ТЕРЕН: Фудбалер падна и остана без воздух (ВИДЕО)

Екипата на Црвена Ѕвезда победи против Динамо Врање со 5:0, но натпреварот го одбележа друго случување.

Имено, во воведните минути од мечот се повреди Бразилецот Рикардињо, но на стадионот многумина занемеа кога Абрахам Фримпонг остана буквално без воздух и настана паника помеѓу играчите кои беа во негова непосредна близика.

За среќа, фудбалерите на Динамо беа присебни, му пријдоа на помош, а потоа интервенираше и медицинската екипа.

Фримпонг по неколку минути се врати во свесна состојба, а завршил со потрес на мозокот по незгодниот пад на теренот.