Фудбал

Ова лето паѓа рекордот: Еве кои играчи ќе го запалат фудбалскиот пазар

Може да се случи никој од нив да не замине, но може да се случи да ги срушат сите рекорди. Летниот преоден рок почнува на први јули и трае до први септември.

 

Нов преоден рок е пред нас, а со него и некои нови трансфери поради кои ќе се дрма целиот фудбалски свет, највеќе Европа.

Веќе не треба да се споменува дека секој следен преоден рок е потенцијално рекорден. Живееме во време кога со фудбалот владеат економските велесили, супербогатите сопственици, на кои не им тешко да потрошат неколку десетици милиони евра, за да донесат играч кој го сакаат.

Така и овој преоден рок би можел да биде рекорден, посебно ако се знае дека Монако има бисер за кој еден европски великан е спремен да издвои рекордна сума.

Може да се случи никој од нив да не замине, но може да се случи да ги срушат сите рекорди. Летниот преоден рок почнува на први јули и трае до први септември, но преговорите се веќе почнати, јасно е дека не чека топло трансфер лето.

Килијан Мбапе

Младиот Килијан Мбапе, на 18 години можеби е најголемото откритие на декадата. Малку е да се каже дека фудбалскиот свет не видел напаѓач со таква техника и инстикт на Тиери Анри. Она што е младиот Џанлуиџи Донарума кога се во прашање голманите, тоа е Мбапе кога се во прашање напаѓачите.

Го красат одличен дриблинг, подвижност, одличен преглед на играта и чувство за гол. Во француското првенство даде 15 гола и подели 11 асистенции оваа сезона, додека во Лигата на шампионите стига до бројката од 6 гола.

Ништо од тоа не остана незабележано од челниците на Реал Мадрид, кои за младиот Французин се спремни да дадат неверојатни 120 милиони евра. Мбапе со овој трансфер би го срушил рекордот на Пол Погба од 105 милиони евра, кога дресот на Јувентус го замени со оној на Манчестер Јунајтед.

Пјер-Емерик Аубамајенг

Одличниот Габонец, 27 годишниот Пјер-Емерик Аубамејанг, веќе некое време заминува од Борусија Дортмунд. Од таму добро знаат дека нема да можат уште долго да го задржат. Трката за брзиот напаѓач е преголема и се споменуваат огромни суми околу неговиот транфсер.

Аубамејанг е прва мета на Манчестер Јунајтед, но во играта се вплетка и кинескиот финансиски џин Тијанџин. Кинезите за него се спремни да платат неверојатни 90 милиони евра, а му нудат годишна плата од 50 милиони евра. Аубамејанг со овој трансфер би го поминал Езекиел Лавеци и би станал најплатен фудбалер на планетата.

Секако, прашање дали Аубамејанг се гледа на истокот во врвот на кариерата. Многу фудбалери од сиромашните делови на светот не можат да му одолеат на супербогатите кинески понид, па останува да се види дали момчето од Габон ќе успее.

Џејмс Родригез

Освојувачот на златната копачка од Светското првенство во 2014 година во Бразил, 25 годишниот Џејмс Родригез, тоа лето замина од Монако во Реал Мадрид за 75 милиони евра.

Младиот Колумбиец беше стандарден кога пристигна, минатата сезона играше кога не беше повреден, а оваа ја преседе на клупата. И секој кој малку размислува во тоа гледа проблем. Играч кој е платен 75 милиони, кој потенцијалот го искористува само на тренинг и кога ќе добие мала шанса во ротацијата, можеби и не заслужува ваков третман.

Затоа одлучил да замине. Кај Мурињо во Манчестер Јунајтед. Според сите показатели се чека само преодниот рок, па трансферот да стане официјален. Се споменува износ од 60 милиони евра.

Карим Бензема

Францускиот репрезентативец, 29 годишниот Карим Бензема е класа напаѓач, но се чини дека деновите во Реал му се одбројани. Навивачите веќе долго време се незадоволно од неговите топло-ладно игри. Еден изгледа како најдобар голгетер кој Франција го имала, а другиот како никогаш да не фатил топка.

Се чини дека на епизодата во Мадрид и дојде крајот и дека Бензема би можел да го напушти Реал на крајот на сезоната. Посебно ако дојде Мбапе, кој се менува од темел.

Бензема во овој случај би можел да бира каде да отиде. Моментално нема клуб во кој не би можел да игра. Се споменуваат трансфери во Арсенал или Челзи, додека во татковината ПСЖ би го сакал. Цената е од 70 до 80 милиони евра.

Алексис Санчез

Или ја или Арсен Венгер, кажа незадоволната ѕвезда на Арсенал, 28 годишниот Алексис Санчез во еден момент од сезонава. Чилеанецот незадоволството го искажа јавно откако Венгер го прати на клупата. Ништо невообичаено, вакви работи во светот на фудбалот се случуваат на дневна база.

Двоецот брзо ги реши несолгасувањата и Алексис повторно заигра. Незадоволство искажа и Месут Озил. Чилеанецот и Германецот се незадоволни од квалитетот на соиграчите и со тоа што Арсенал оваа сезона покажа некои многу слаби точки на својата игра и испушти некои важни бодови.

 

Најголемиот проблем за Арсенал е што за Алексис загреани се лигашките ривали, Челзи и Манчестер Сити, а во ред чекаат и Баерн и ПСЖ. Тие можат да ги задоволат апетитите на Чилеанецот, кој заработува 300 илјади евра неделно, а трансферот би требало да биде помеѓу 50-60 милиони евра, бидејќи цената при вакви состојби.