Фудбал

Откриени причините за трансфер бомбата која ја здрма Италија: Еве зошто Бонучи го напушти Јувентус

Во италијанските медиуми почнаа да излегуваат информации која е причината за трансфер бомбата во Калчото, заминувањето на Леонардо Бонучи од Јувентус во големиот ривал Милан, како и заминувањето на Дани Алвеш во ПСЖ. Според она што го пишуваат медиумите, а и го пишува по фан форумите, токму тие двајца се главните кривци за поразот на Јувентус од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.

 

На полувремето на финалниот натпревар, Алвеш му пришол и со навредливи зборови му кажал на Дибала дека е премногу мек, дека се преплашил и уште многу други работи. Во тој момент Алегри застанува во одрбана на Дибала и се обидува да ги смири страстите, а тука Бонучи се сложува со Алвеш и го крева гласот кон Дибала. На ваквото однесување на Бонучи реагирал Андреа Барзаљи и се обидувал да ги смири страстите. Во тој момент Бонучи ја изгубил контролата и влегол во кавга со Барзаљи, Бонучи го обвинил Андреа дека во ниту еден момент не можел да го чува Марсело, додека Барзаљи му враќа дека токму Бонучи е виновен за првиот гол кој Јувентус го прими од Реал Мадрид. Тренерот Масимилајано Алегри според пишувањата спречил физичка пресметка на италијанските репрезентативци.

Инаку, Јувентус во првото полувреме имаше нерешен резултат со Реал Мадрид, како и во најмала рака израмнета игра со ривалот. Во второт полувреме се тоа се сруши како кула од карти, па Јувентус не личеше на себе, како едвај со топката да се составуваа, крајниот резултат беше победа од 4:1 за Реал Мадрид.

Нешто повеќе од еден месец по финалето Јувентус го напуштија и Алвеш и Бонучи, што уште повеќе ги подгрева шпекулациите дека тие двајца за време на финалето направиле големи проблеми во соблекувалната, кои се одразија лошо на целиот тим и Јувентус ја пропушти шансата по повеќе од 20 години да го освои трофејот од Лигата на шампионите.