Фудбал

Осасуна дала 650.000 евра на играчи од Бетис да местат натпревари

Тројца поранешни фудбалери на Бетис, Жорди Фигерас, Амај Каразо и Чави Торес се обвинети дека примиле 650 илјади евра да наместат натпревар и дека намерно загубиле од Осасуна во последното коло на Примера во сезоната 2013/2014.

osasuna

Шпанскиот суд објави дека, покрај гореспоменатите играчи, под истрага се уште 15 лица, претежно членови на Управата на Осасуна, како и тренерот на клубот Петар Васиљевиќ.

Судските документи покажуваат дека Управата на Осасуна на тогашниот фудбалери Бетис дала 400.000 евра за да го победат Ваљадолид и потоа уште 250.000 да загубат од Осасуна.

Бетис го победи Ваљадолид со 4:3, а потоа е поразен од Осасуна со 2:1, но на крајот сите три екипи испаднаа од елитата, бидејќи Алмерија одигра нерешено со Атлетик Билбао и го задржа прволигашкиот статус.