Фудбал

Одиграни првите пет реванш дуели од баражот за Лигата на шампионите

Пет реванш натпревари од баражот од Лигата на шампионите се одиграа вчеравечер по што се познати првите пет екипи кои ќе обезбедија место во групната фаза од елитното натпреварување преку квалификации.

Селтик ја одбрани убедливата предност против Астана, на Марибор му беше доволен минималниот триумф над Хапоел, Наполи и Олимпијакос со втори победи над своите ривали, додека Севиља благодарение на гостинската победа оди во следната фаза.

Резултати:
Астана – Селтик 4:3 (0:5 прв натпревар),
Риека – Олимпијакос 0:1 (1:2),
Севиља – Бешикшехир 2:2 (2:1),
Марибор – Хапоел 1:0 (1:2) и
Ница – Наполи 0:2 (0:2).

Во ЛШ ќе играат Селтик, Олимпијакос, Севиља, Марибор и Наполи, додека поразените одат во Лига Европа.

Денеска играат:
Славија Парга – АПОЕЛ (0:2),
СБ – Спортинг (0:0),
ЦСКА Москва – Јанг Бојс (1:0),
Копенхаген – Карабах (0:1) и
Ливерпул – Хофенхајм (2:1).