Фудбал

Одбиени 75 милиони фунти од Ливерпул: Лајпциг не сака да го продаде својот најдобар играч ниту за 100 милиони

Англиските медиуми пренесуваат дека германски Лајпциг ја одбил понудата од 75 милиони фунти за Наби Кеита.

Германскиот клуб соопшти дека не сака го продаде репрезентативецот на Гвинеја кои многумина го споредуваат со Нголо Канте.

Кеита наводно е приоритет на Јирген Клоп ова лето, но Ливерпул сега се најде во тешка ситуација бидејќи Лајпциг не сака својот играч да го продаде ниту за 100 милиони.

Спортскиот директор на Лајпциг Ралф Рангник, сака да го сочува тимот кој во претстојната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.

Ливерпул ова лето ги доведе Мохамед Салах од Рома и Доминик Соланке од Челзи.