Фудбал

Очаен си: Ибрахимовиќ раскажа како изгледала првата средба со неговиот менаџер Рајола

Облеков преубава Гучи јакна, ставив златен часовник, го паркирав Поршето пред влезот во локалот. Го очекувам менаџерот, но наместо личност во одело пристигна еден сосем различен човек, вака Златан Ибрахимовиќ почнува да ја опишува првата средба со еден со својот менаџер Мино Рајола, можеби и најдобриот менаџер во фудбалот.

Ибрахимовиќ вели пак дека тој дошол во обична јакна, Најк патики, со огромен стомак, дека му се чинело дека е некој од Сопранови.

-Кој е овој лик? Би требало да биде застапник на сите дебели. Седнавме во ресторан и порача храна за пет луѓе. Се викаше Мино Рајола.

Но кога почнале да разговараат, како што вели Ибрахимовиќ „дебелиот гном“ извадил лист хартија А4 формат, на кој имало некои имиња и броеви.

-Значи, Златане, Кристијан Виери 24 гола на 27 натпревари,  Филипо Инзаги 20 голови на 25 натпревари, Давид Трезеге 20 голови на 24 натпревари, Златан Ибрахимовиќ само пет голови на 25 натпревари, кажал Рајола и надополнил:

-Мислиш дека можам да те продадам со ваква статистика? Мислиш дека си многу кул лик: Мислиш дека можеш да импресионираш со тој златен часовник и Порше? Се е тоа сра*е. Сакаш да заработиш пари и да станеш најдобар на светот, го прашал Рајола.

Ибрахимовиќ вели дека му кажал дека сака да стане најдобар играч на светот.

-Тогаш добро. Ако бидеш најдобар ќе дојде и останатото со тоа, а ако побрзаш по парите, ништо нема да добиеш, го сфаќаш ли тоа? Мораш да ги продадеш сите свои автомобили, часовници и да тренираш три пати посилно и понапорно отколку досега, затоа што моментално е статистички очаен, му порачал Рајола на Ибра.

Ибрахимовиќ вели дека почнал да оди на тренинг со клупското Фиат Стило.

-Беше досадно и понижувачко признавам. Давав се од себе на тренинзите и натпреварите. Мино Рајола беше како вистинска пијавица. Се залепи за мене и не ми даде да дишам. Резултат? Имам плата од милион евра месечно и сум еден од најдобрите играчи на светот, изјави Ибра во периодот кога беше во ПСЖ.