Фудбал

Новак: Зенит е силна екипа и често игра во Лига Европа

Фудбалерите на македонскиот првак Вардар попладнево тренираа во Санкт Петербург, каде утре го играат дуелот од 5.коло од Лигата Европа против руската екипа Зенит.

На прес- конференцијата пред дуелот играчот на Вардар Евгениј Новак истакна дека не очекува да биде лесно.

– Зенит е силна екипа и често игра во Лига Европа. Имаме само порази во првите четири натпревари, а на овој дуел ќе се бориме да постигнеме добар резултат. Имаме да одиграме уште два натпревара во групата и се надевам дека ќе играме подобро и ќе имаме подобри резултати од претходните, рече Новак.

Натпреварот Зенит – Вардар се игра утре со почеток во 19 часот, а во истиот термин се игра и вториот дуел од групата Л меѓу Розенборг и Реал Сосиедад.