Фудбал

Нојер опериран, ќе отсуствува од терените до крајот на годината

Мануел Нојер нема да учествува на ниту еден натпревар за Баерн Минхен до крајот на оваа година. Информацијата беше објавена денес од страна на водечките медиуми во Германија, а потоа потврдена од самиот клуб.

Голманот на баварскиот клуб по вторпат скрши коска на стапалото од левата нога на еден од тренинзите со тимот. Повредата е тешка и го оттргнува чуварот на мрежата надвор од терените најмалку до крајот на годината.

– Ова е ужасна вест за нас. Хируршката интервенција е успешна и сега тоа е најважното нешто. Се надевам дека ќе го видам повторно на голот во јануари, изјави извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге за официјалната страница на клубот.