Фудбал

Нервозата го прави своето: Мбапе се скара со соиграч, клубот го суспендираше

Иако Раџи и тој имале само вербален конфликт, тоа му било доволно на тренерот Леонардо Жардин да не го стави во составот за првенствениот натпревар против Мец, каде Монако славеше со 1:0.

 

Килијан Мбапе минатата недела одбил да го напушти тренингот откако се скарал со соиграчот Андреа Раџи. Тоа е последица на големата нервоза поради поврзувањата со другите клубови, односно астрономските понуди на ПСЖ и Реал Мадрид во прв ред.

Младион офанзивец отворено признава дека мечтае за играње за мадридскиот клуб, но Монако не попушта и  не сака да го продаде ниту за 150 милиони евра.

Во меѓувреме се појави и ПСЖ, кој би дал и повеќе пари, па притисокот врз младиот Французин е огромен.

Иако Раџи и тој имале само вербален конфликт, тоа му било доволно на тренерот Леонардо Жардин да не го стави во составот за првенствениот натпревар против Мец, каде Монако славеше со 1:0.

Играчите во меѓувреме ги решиле проблемите, но сепак останува прашањето што ќе биде со Мбапе до крајот на преодниот рок.

Младиот 18 годишен напаѓач е на мета на многу клубови, а дали ќе остане така останува да видиме наредниве десетина дена, колку што трае преодниот рок.