Фудбал

Нема да биде покренато обвинение против Мурињо

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да покрене обвинение и да презема понатамошни дејствија против менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

 

Португалецот беше отстранет во завршните минути на дуелот со Саутемптон кој неговиот тим го доби со 1:0. Причината е тоа што Мурињо беше на теренот за време на натпреварот.

Денес ФА го добила записникот од натпреварот во кој не се наведени никакви вербални напади од страна на Португалецот кон судиите и затоа овој пат Мурињо ќе помине без казна.

Запрашан од новинарите, зошто беше отстранет од натпреварот?, Мурињо кусо одговори „Не знам“.

Минатата сезона „Специјалниот“ беше казнет два пати за два различни инциденти во ноември.