сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 64
home Фудбал

Нејмар има два услови за да се врати во Барселона: Малку се чудни, а поврзани се со Меси

Нејмар има два услови за да се врати во Барселона: Малку се чудни, а поврзани се со Меси

Медиумите од Шпанија пишуваат дека Нејмар има два услови за евентуално враќање на Камп Ноу.

Барањата на Бразилецот се поврзани со првата ѕвезда на „Каталонците“, Лионел Меси.

Напаѓачот доколку се врати на Камп Ноу ќе мора да заработува исто колку и Аргентинецот, а бара и Лео Меси јавно да изјави дека посакува Барса повторно да го купи Нејмар.

На овој начин Нејмар сака да се осигура дека се уште е ценет и баран кај поранешните соиграчи. Тој исто така посочил дека оваа практика била применувана и во минатото кога „Каталонците“ го вратија Сеск Фабрегас во своите редови.