Фудбал

Не престанува мајтапот на сметка на Барселона: Шпанска телевизија го претстави новиот дрес за следната сезона (ВИДЕО)

Опсесијата околу судиските одлуки, кои одат во корист на Барселона го достигна својот врв. На една телевизија од главниот град на Шпанија беше претставена нова комбинација, која ќе стои на дресот на Каталонците во наредната сезона.

dres1

Едната половина ќе биде во традиционалните бои на каталонската екипа, додека другата половина ќе биде обоена во жолто, односно ќе биде официјалниот дрес на арбитрите. Оваа провокација испратена кон Барса алудира на лошата арбитража на Дениз Ајтекин, кој на дуелот со ПСЖ според многумина им „помогна“ на каталонските фудбалери да го направат епскиот пресврт.

dres

Денеска, францускиот шампион испрати и официјална жалба до УЕФА, на која одвои дури седум моменти од мечот на „Камп Ноу“, кои одат на нивна штета, а им помагаат на противничките фудбалери.