Фудбал

Навивачите на Јувентус со порака до Бонучи: Бевме со тебе кога ти беше најтешко, ти заминуваш на најлошиот можен начин

Фановите на Јувентус се збогуваа со својот довчерашен идол, а од денеска нов фудбалер на Милан Леонардо Бонучи. Тие му порачаа дека не му посакуваат ништо лошо, бидејќи тие имаат стил, но му кажаа дека ќе го почувствува вкусот на поразот оваа година.

Порака од фановите на Јувентус до новиот дефанзивец на Милан, Леонардо Бонучи.

Никој нема да си посака смрт или да скршиш нешто, ние имаме стил, но нешто сакаме да ти кажеме.

Драг Леонардо Бонучи.

Дали паметиш кога му помогна на Дрогба да не елиминираат од Лигата на шампионите?

Дали паметиш кога твоите перформански не беа за Јувентус, но ние продолживме да ти даваме доверба?

Дали се сеќавам кој те бранеше од обвиненијата за коцкање?

Дали се сеќаваш кој те пречека на јужната трибина како еден од нас?

Дали се сеќаваш кој го пееше твоето име секоја недела, секој натпревар, дури и после Берлин и после Кардиф?

Дали се сеќаваш кој секогаш беше на твоја страна кога остатокот од Италија наоѓаше изговор да те нарече срање?

Дали се сеќаваш кој не го присилуваше твоето присуство на теренот оваа година поради ситуацијата со твојот син?

По седум во Јуве, откако секогаш беше ставан на пиедесталот, добиваше специјален третман… ти заминуваш на најлошиот можен начин.

И ако после шест ти се здосади од победување, ќе се видиме наскоро да го вкусиш вкусот на поразот.

ЈУВЕНТУС го направи БОНУЧИ голем, а не обратно… ти не си знаме.

ВРЕДИ САМО ДРЕСОТ