Фудбал

Мурињо: Роналдо, тоа е невозможна мисија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо по натпреварот со ЛА Галакси во кој неговиот тим победи со 5:2, одговори на прашањето на еден американски новинар околу евентуален ангажман на Кристијано Роналдо.

– Тоа е невозможна мисија, беше кусиот и многу прецизен одговор од португалскиот стручњак.

По овој одговор на Мурињо се отфрлаат сите шпекулации кои се однесуваа на преселба на Роналдо од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед.