Фудбал

Мурињо: Англиските клубови не се на нивото на Реал Мадрид, Барселона и Баерн

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека клубовите од Англија се под нивот на најдобрите, во кои ги стави Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен.

Мурињо не верува дека фудбалерите на Јунајтед, Сити, Ливерпул, Челзи и Тотенхем се способни да се впуштат во борбата за трофејот на Лигата на шампионите оваа сезона.

-За Реал, Барселона и Баерн, Лигата на шампионите стартува од осмина финалето, додека англиските тимови треба да се трудат за да преживеат и да ја поминат групата. Споменатата тројка ќе биде свежа во нокаут фазата, изјави Мурињо по победата над Базел.

Португалецот порача дека Реал, Барселона и Баер во групите само се загреваат.

-Англиските клубови се на друго ниво, а тоа би го нарекол, ајде да се квалификуваме и покажеме што можеме да направиме. Ако успеем, можеме да уживаме против големите тимови, рече Мурињо и го смали притосокот од големите очекувања за својот тим.