петок, 16. ноември 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Њукасл се бореa како животни

Мурињо: Њукасл се бореa како животни

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, имаше само пофални зборови за Њукасл по поразот на „црвените ѓаволи“ од 1:0 на „Сент Џејмс Парк“. „Црно-белите“ забележаа успех по голот на Мет Ричи.

– Се бореа како животни, се надевам дека ќе ги прифатат моите зборови како комплимент. Боговите на фудбалот беа на нивна страна. Денес едноставно не ни одеше. Ние направивме грешка во одбраната, и тие веќе водеа во резултатот. Ги дадоа своите животи за да ја задржат својата мрежа „сува“, изјави Жозе Мурињо по натпреварот.

-Моето мислење е дека можевме да играме и 10 часа, и повторно немаше да им дадеме гол. Тие ја искористија нашата дефанзивна грешка. Очигледно, судбината не беше на наша страна. Што ни недостига? Да постигнеме гол. Имавме шанси при 0:0. Алексис Санчез излезе сам пред голот, а потоа имавме безброј можности во последните 20-25 минути. Двојното промашување на Марсиал во последните моменти пак беше неверојатно, додаде португалскиот менаџер.

По овој пораз Јунајтед заостанува зад лидерот Сити со 16 поени зад Сити и на 11 круга пред крајот на сезоната, битката за титулата во Премиер лигата се чини дека конечно е решена.